Никола Николовски победник на Меѓународниот шаховски турнир „Скопје Опен“
Интернационалниот мајстор (ИМ) Никола Николовски е победник на возобновениот турнир „Скопје Опен“, кој заврши синоќа, со учество на околу 80 шахисти. Според стартниот рејтинг, тој беше трет носител на турнирот, а на крајот е прв на табелата со 7,5 бода од 9 партии со шест победи, три реми и без ниту еден пораз.