Поранешна шампионка на „Ролан гарос“ се избори против ракот
Поранешната шампионка на „Ролан гарос“, Франческа Скијавоне, објави дека е излечена од рак. 39-годишната Италијанка, која го освои Отвореното првенство на Франција во тенис во 2010 година, не даде дополнителни детали за болеста, но на Твитер изјави дека била излечена по хемотерапија.