Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио
Италијанскиот Доминик Париз победи на спустот во Бормио, дел од Светскиот куп во алпскоскијање. 30-годишниот Парис даде време од 1:49,56 минути. Тој беше побрз за 39 стотинки од Швајцарецот Беат Фојц, а трет беше Австриецот Матијас Мајер, кој беше на 42 стотинки од првото место. Интересно е што денес немаше друг конкурент со помалку од секунда зад победникот.