Ферари не брзаат да му понудат нов договор на Фетел
Непосредно пред Божиќ, Ферари го објави новиот договор на нивната млада надеж, Шарл Леклер, со кој тие се обврзаа до 2024 година. Во исто време, газдите на „Скудерија“ не брзаат да го објават својот пилотски состав за 2021 година, кога доаѓаат големи измени во правилата на Формула 1, изјави тимскиот шеф Матијас Биното, додавајќи дека Фетел е пилот на Ферари и нема потреба од таа да се брза со одлуката за неговата иднина.