Шпанија последен учесник во полуфиналето на АТП Купот
Шпанија е последниот полуфиналист на АТП Купот. Во решавачкиот дуел во парови, Пабло Карењо Буста и Рафаел Надал го победија тандемот од Белгија – Сандер Жил и Јоран Влиген со 6:7 (7), 7:5, 10:7 по нешто повеќе од два часа игра.