Златен медал за Емил Павлов од Салцбург
Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија. По тој повод Агенцијата за млади и спорт (АМС) организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата, Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.