Откажан овогодишниот турнир во Вимблдон, првпат по Втората светска војна
Првпат по Втората светска војна откажан е тенискиот турнир во Вимблдон, а 134. издание на шампионатот ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година, соопштија All England Club (AELTC). Причична за тоа е загриженоста за здравјето на луѓето поврзано со ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот.