Формиран фонд за финансиска помош на тенисери погодени од пандемијата на коронавирус
Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Професионалната тениска асоцијација (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и организаторите на четирите Грен слем турнири (Австралија, Франција, Велика Британија и САД) ќе соберат повеќе од шест милиони американски долари во фондот наменет за играчи кои се најмногу погодени од прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус