Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на „you tube“ каналот на КФМ
Најуспешните македонски каратисти, дел од нив освојувачи на европски и светски медали, преку „you tube“ каналот на Карате федерацијата на Македонија, презентираа дел од своите вештини во услови на изолација, спроведуваа модифицирани тренинзи, во спалните и дневните соби, во дворовите, во затворен или отворен простор, секој според можностите, согласно препораките на надлежните институции