На 17-кратниот освојувач на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ му е гарантирано второто место на листата со најдолг стаж на врвот на светската ранг-листа.
Возачот на „мерцедесот“ Луис Хамилтон призна дека оваа сезона понекогаш се чувствува осамено поради ограничувањата според кои треба да работат сите учесници во првенството.
За официјалниот веб сајт на европското првенство во туринг возила (ТЦР), Џиролами откри дека резултатот се должи на добриот план пред трката, како и на перфектната реализација.
Енди Мареј ја оствари својата прва победа во 2020 година против Френсис Тиафо на Мастерсот во Синсинати. Британскиот тенисер славеше во три сета со 7: 6 (6), 3: 6, 6: 1, по 148 минути игра.
Во организација на Коњичкиот клуб Бравадос денес на терените во Волково се одржа 1. коло од отвореното Државното првенство во прескокнување пречки за 2020 година.
Македонската традиционална карате федерација од денес до 29 август 2020 во Валона, Албанија ќе одржи традиционалниот МТКФ летен карате тренинг камп „Валона 2020”.
Кеи Нишикори има се помалку и помалку шанси за настап на претстојниот УС Опен, бидејќи тој беше позитивен и на вториот тест за коронавирус
Серена Вилијамс смета дека отсуството на многу од ѕвездите на претстојниот УС Опен нема да ја омаловажи титулата. Во Њујорк нема да играат 6 тенисери од Топ 10, предводени од првите две во рангот Ешли Барти и Симона Халеп, како и минатогодишната шампионка Бјанка Андреску
Одбојкарите на Вардар со пораз го стартуваа настапот на турнирот во Ниш, откако попладнево загубија од домаќинот со 3:0 во сетови.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер изјави дека е задоволен од неговите настапи во сезоната 2020, и покрај тешкиот старт за тимот.