Серена Вилијамс потврди дека ќе игра на „Ролан Гарос“
Серена Вилијамс најави дека дефинитивно ќе игра на претстојниот „Ролан Гарос“ на крајот на месецот. Американката, која во предвечерието на турнирот наполни 39 години, нема намера да се откаже од својата цел да ја освои рекордната 24-та Гренд-слем титула, и покрај поразот од Викторија Азаренка во полуфиналето на УС Опен вечерва.