Федерер е фокусиран за добар Австралија опен, тврди неговиот тренер
Закрепнувањето на Роџер Федерер од повредата на коленото оди добро и се очекува да се врати на Австралија опен, изјави неговиот личен тренер Иван Љубичиќ. Федерер (39) не е на терен на официјален натпревар откако загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен во јануари.