Публиката не го дочека крајот на дуелот Ѓоковиќ – Фриц поради новиот ковид-карантин
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, триумфирајќи денеска над Американецот Тејлор Фриц со 7-6 (1), 6-4, 3-6, 4-6, 6-2, во драматичен меч што траеше три часа и 15 минути и почна во присуство на гледачи, а заврши пред празни трибини.