Деветто полуфинале на Австралија Опен за Новак Ѓоковиќ
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево се врати од брејк негатива во третиот и во четвртиот сет, во кој спаси и сет топка на противникот, за на крајот да го совлада Александар Зверев со 3:1 (6-7, 6-2, 6-4, 7-6), и по деветти пат да обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен.