Бах ја уверил Сакеларопулу дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат со апсолутна безбедност за учесниците
Претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах, за време на неговата дводневна посета на Атина, денеска беше примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и како што соопштија од нејзиниот кабинет, ја уверил дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат со апсолутна безбедност за сите учесници