Норвешкиот ски скокач Танде пуштен на домашно лекување
Норвешкиот репрезентативец во скијачки скокови, 27 – годишниот Даниел Андре Танде, кој пред две и пол недели доживеа тежок пад на скокалницата во Планица по што во бессознание беше пренесен во болница, денеска е пуштен на домашно лекување, соопшти Норвешката скијачка федерација.