Одбојкарките на Јанта Волеј ја освоија шампионската титула
Екипата на Јанта волеј ја комплетираше сезоната во македонската женска одбојка со двојна круна, откако по триумфот во националниот куп, вечерва ја освои и шампионската титула, совладувајќи го во супер интересна мајсторка од финалната серија тимот на Вардар жени 2019 на гости со 3:2 (22:25, 26:24, 14:25, 26:24, 15:11).