Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во групата Ц против Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија на Европското првенство закажано за септември годинава.
Летните Олимписки игри (ОИ) во Токио да се одржат без присуство на публика поради влошената епидемиолошка состојба со коронавирус во земјата, побара денеска јапонскиот Синдикат на лекари.
Младите кик-боксери од Кик-боксинг клубот „Ас“ од Делчево кои на Европскиот куп што се одржа во Србија, освоија повеќе медали добија признание од градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој организираше свечен прием во нивна чест
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека Луис Хамилтон изминатите неколку години без тешкотии стигнуваше до шампионскиот трофеј
Јапонскиот весник „Асахи“, кој е официјален партнер на Олимписките игри во Токио, повика на откажување на натпреварите поради ширењето на коронавирусот
Седмиот светски рекет, Бјанка Андреску се повлече од турнирот во Стразбур откако ја победи Марина Заневскаја (6:1, 6:4)
Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун го сподели своето мислење за настапот на Луис Хамилтон на Големата награда на Монако и незадоволството што го изрази актуелниот шампион кон својот тим поради лошо избраната стратегија
Купот на Македонија за сениори/ки се одржа викендов во организација на Атлетска федерација на Македонија во националната арена „Тодор Проески“
Поранешниот претседател на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) Макс Мозли, почина на 81-годишна возраст, соопшти денеска поранешниот прв човек на Формула 1 Берни Еклстон.
Само еден ден по одржувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на Пингпонгарската федерација на Македонија, се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествува најдобрите осум играчи од ранг-листата за сениори.