Надал со загубен сет во полуфинале на Ролан Гарос
Кралот на земјените терени и 13-кратен освојувач на Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, обезбеди пласман во полуфиналето на Грен-слем турнирот во Париз, совладувајќи го денеска аргентинскиот тенисер Диего Шварцман со 6:3, 4:6, 6:4, 6:0 во натпревар кој траеше два часа и 48 минути.