Две сребра за македонската делегација на шампионатот во танц на Специјалната олимпијада во Грац
Осумчлената екипа на Специјална олимпијада Македонија во конкуренција на 13 земји освои два сребрени медала на првиот Светски шампионат на специјална олимпијада кој се одржа во Грац, Австрија. Нашата делегација настапуваше со две точки, јунифајд во двојки и соло перформанс.