УС Опен: Циципас исвиркан поради долг престој во соблекувалната
Третиот носител на УС Опен, грчкиот тенисер Стефанос Циципас, обезбеди денеска пласман во третото коло на грен – слем турнирот во Њујорк со победа над Французинот Адријан Манарина 6-3, 6-4, 6-7, 6-0, но гледачите на „Артур Неш“ стадионот го исвиркаа поради долг престој во соблекувалната меѓу третиот и четвртиот сет