Медведев со голем пресврт обезбеди полуфинале на Австралија опен
Познати се сите полуфиналисти на Австралија опен, откако попладнево вториот светски рекет, Русинот Данил Медведев, иако губеше со 0-2 во сетови и спаси една меч топка, го совлада на крајот Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим со 6-7 (4), 3-6, 7-6 (2), 7-5, 6-4.