ЗОИ: Историски три медали за Германците во боб двосед
Германците Франческо Фридрих и Торстен Маргис ја одбранија титулата олимписки прваци во боб двосед, а германската репрезентација постигна историски успех, откако за прв пат во историјата на ова натпреварување се случи освојувачите на сите три медали да дојдат од иста држава.