Сениорот Борислав Палашев од триатлонскиот клуб „Палашев“ од Пазарџик и јуниорката Магдалена Станковска од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје, се победници на годинешниот „Stopanska Triogy Triathlon“
Во конкуренција од над 3 000 спортисти, нашите претставници на Светскиот Шампионат на Светската Федерација за Боречки Вештини кој се одржа во периодот 14 – 15 мај 2022 година во Сер – Република Грција, се вратија со осум медали, од кои пет златни
Првата тенисерка во светот, Ига Швјонтек и седмата Унс Џабер се финалистките на Италијанскиот Опен од Мастерсот во Рим
Со својата илјадита победа, совладувајќи го Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:4, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето од Мастерсот во Рим
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по два исцрпувачки сетови кои понудија фантастичен тенис го совлада Канаѓанецот Феликс Оже – Алиасим (7-5, 7-6) и обезбеди полуфинале на АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Рим
Во организација на Стопанска банка и Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“, денеска со почеток во 9 часот во Скопје ќе се одржи Втор триатлон натпревар
Женската одбојкарска репрезентација до 19 години предводена од новиот селектор, српскиот стратег Стефан Пауновиќ, од 27 август до 5 септември, ќе учествува на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Македонија
Со победата над Швајцарецот Стан Вавринка со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим
Екипата „Сузуки“ објави денеска дека сака да го напушти Мото ГП на крајот на оваа сезона, додавајќи оти преговара за тоа со „Дорна“, која е промотор на натпреварувањето за Светското првенство во мотоциклизам.
Одборот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) за скијачки скокови на виртуелен состанок донесе одлука новата сезона да почне порано од вообичаеното и првите натпреварувања да се одржат на 6 и 7 ноември на скокалницата во полска Висла.