Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и Ник Кирјос од Австралија заработија казни за лошо однесување за време на нивниот меѓусебен дуел одигран пред два дена
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на трката на 5 000 метри на Медитеранските игри во Оран, денес постави нов македонски рекорд. Тој патеката ја истрча со време 13:54:58 минути го освои 8. Место во конкуренција на 12 натпреварувачи.
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе мора да се задоволи само со бронзен медал од Медитеранските игри. Тој не настапи во полуфиналето поради стомачен вирус.
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, заврши на тр тото место на денешната трка за Големата награда на Британија. Британецот го освои подиумот во Силверстоун по рекорден 13. пат.
Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена на патеката „Силверстоун“ за Големата награда на Велика Британија. За Шпанецот оваа победа беше прва во кариерата.
Дојде крај на серијата на полската тенисерка Ига Швјонтек која 37 натпревари не знаеше за пораз. Вечерва за сензација на Вимблдон се погрижи француската тенисерка Ализе Корне која во 1/16финалето ја совлада Швјонтек со 2-0, по сетови 6:4, 6:2
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас искажа замерки за однесувањето на Ник Кирјос (Австралија) од кого синоќа загуби во 1/16финалето на Вимблдон со 1-3, по сетови7:6, 4:6, 3:6, 6:7
Возачот на Ферари, Карлос Сајнц беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Велика Британија.
Македонски тенисер Калин Ивановски избори пласман во второто коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон.
Министрите за спорт на 33 земји потпишаа документ со иницијатива за нови санкции против Русија и Белорусија