Мото ГП: Победа на Бањаја, Квартараро трет
Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во класата Мото ГП и ја зголеми предноста пред ривалот во борбата за титулата, Французинот Фабио Квартараро, кој со освоеното трето место успеа, сепак, да ја задржи неизвесноста до последното коло за оваа сезона кое е на програмата на 6 ноември во Валенсија