Двајца Македонци настапија на скајмаратонот Монте Роса-највисоката планинска трка на Алпите
Двајцата Македонци, Дејан Ангелоски и Александар Кирковски, вчера настапија на највисоката планинска трка на Алпите, скајмаратонот Монте Роса. Тие со време од 7 часа и 29 минути се пласираа на 44-то место во конкуренција на вкупно 167 парови.