Андова нова македонска шампионска во тенис
Младата 16-годишна тенисерка на „Југ“, Теона Андова е новата македонска шампионка, откако во денешното женско финале на Државното првенство во поединечна конкуренција ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 7-5).