Македонските одбојкари ги почнаа подготовките за Европското првенство
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ги почна подготовките за Европското првенство на кое од крајот на август ќе бидат домаќини на натпреварите од групата Ц против Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.