Струга домаќин на турнир во кик бокс во организација на светскиот шампион Бени Османоски и шваjцарската организација SCOS
Боксери и кик боксери од земјава и странство ќе се натпреваруваат во различни категории на спортскиот настан „FIGHT4GLORY“, што утре ќе се одржи на Ракометното игралиште во Струга, во организација на кикбоксерот Бени Османоски, со поддршка од швајцарска организација SCOS (Швајцарски борбен систем).