Ѓоковиќ го победи Хуркач но не е сигурен учесник во полуфиналето во Торино
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Полјакот Хуберт Хуркач во мечот од 3. коло на завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 2 часа и 6 минути, Србинот славеше победа со 7:6 (7:1), 4:6 и 6:1.