Кирјос: Да бидам искрен, не сакам повеќе да играм тенис
Минатата сезона Австралиецот учествуваше на само еден турнир - Штутгарт (Германија). Контроверзниот тенисер ги пропушти преостанатите натпревари поради повреди на коленото и зглобот. Во декември, Кирјос објави дека нема да игра на Австралија опен во 2024 година.