Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој по едногодишна пауза се враќа на терените, изјави пред настапот на претстојниот турнир во Бризбејн дека не размислува за освојување на титулата, туку само сака повторно да ужива во тениската игра.
Вкупно 45 натпреварувачи ќе се појават попладнево на големата скокалница во Оберсдорф на официјалниот почеток на 72. издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
Последната трка од Светскиот куп во алпско скијање во машката конкуренција во 2023 година заврши попладнево со триумф на Швајцарецот Марко Одермат на супервелеслаломот во Бормио.
Наградниот фонд на Австралија Опен е зголемен за 13 отсто и изнесува 59.1 милиони долари, објавија денеска организаторите на првиот сезонски грен – слем турнир кој почнува на 14 јануари во Мелбурн.
Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата на Светското првенство во забрзан (рапид) шах на кое во узбекистанскиот град Самарканд настапија 202 шахисти од 44 земји.
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го пофали Карлос Алкараз по поразот во Ријад во ревијален натпревар.
Наградата за најдобар македонски спортист во годината која изминува Илиевски ја заслужи со освоениот златен медал на Светското првенство во Португалија во категоријата лоукик до 86 килограми.
- Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, кој од Хонда се сели во Гресини, рече дека трикратниот шампион во Формула 1 од Ред Бул Макс Верстапен е сличен на него по менталитет.
Шаховскиот клуб Алкалоид како успешно ја оцени годинава што изминува.
Националната шампионка со освоено злато на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг, Мери Акиевска ја доби наградата „Златна Олимпија“ за најуспешна спортистка за 2023 година.