Алонсо казнет со 20 секунди за инцидентот на ГН на Австралија
Фернандо Алонсо е казнет по истрагата на стјуардите поради инцидентот со возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Шпанскиот возач на Астон Мартин е казнет со додавање 20 секунди на резултатот на трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија поради опасно возење, пренесе „Скај Спортс“.