Првенства на Македонија во шах: За титулата кај мажите има повеќе кандидати, кај дамите се издвоија шахистките на ШК Алкалоид
На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое започна викендов, вчера се одигра четвртото коло. И во него како и во претходните имаше помали изненадувања, со што на табелата се издвоија петмина играчи меѓу првите 10 носители како фаворити за конечен триумф.