Најдобриот норвешки тенисер Каспер Руд (АТП – 7.) трет пат во кариерата го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот во Женева, совладувајќи го попладнево во финалето Чехот Томаш Махач (АТП – 44.) со 7-5, 6-3.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата на денешните квалификации на домашен терен и в недела ќе стартува прв на Големата награда на Монако, осмата трка оваа сезона во Формула 1.
Младиот 18-годишен австриски тенисер Жоел Шварцлер е победник на годинашново издание на „Македонија Опен“, откако во финалето денеска го совлада Полјакот Камил Мајхчак со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).
Мексико, Индонезија и Полска исто така се меѓу кандидатите за домаќини на Олимпијадата во 2036 година
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека не се смета себеси за фаворит пред почетокот на Ролан Гарос каде Србинот ја почнува својата одбрана на титулата утре против Французинот Пјер-Иг Хербер.
Лидерот во светскиот пласман и во шемата на тенискиот турнир во Женева, Новак Ѓоковиќ (Србија) е елиминиран во полуфиналето на натпреварувањето од АТП серијата 250 на швајцарско тло.
Ждрепката за вториот Гренд слем од сезоната, Ролан Гарос ги соочи во првото коло Рафаел Надал и Александар Зверев.
Трикратниот светски шампион Макс Верстапен пред почетокот на тркачкиот викенд за Големата награда на Монако изјави дека патеката во Монте Карло нема да биде најдобра за Ред Бул и ја прокоментира разликата со останатите тимови.
Поранешниот светски рекет број еден Андре Агаси ќе биде капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот од 2025 година.
Петтиот светски рекет, американската тенисерка Џесика Пегула објави дека нема да се натпреварува на Отвореното првенство на Франција во 2024 година.