Македонско-српската комбинација Обрад Марковски Стефан Латиновиќ го освои фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тие во финалето во конкуренција на двојки ги совладаа четвртите носители Јан Храздил и Вацлав Шафранек со 2:1 во сетови (1:6, 7:6(4) и 10:7). Мечот траеше 1 час и 32 минути.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од вчера е во Лондон, каде во текот на следната недела ќе го има вториот настап на Грен слем турнирот Вимблдон.
Едмонтон ноќеска ја победи Флорида на домашен терен со 5:1 во шестиот натпревар од финалната серија на Стенли купот.
Бријаторе е надвор од Формула 1 откако поднесе оставка како шеф на Рено поради неговата вмешаност во скандалот за Големата награда на Сингапур во 2008 година, кој беше откриен две години по трката.
Македонската женска кадетска одбојкарска репрезентација со пораз од Бугарија (3-0) го заврши денеска настапот во групната фаза на Балканското првенство во Тирана.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за плановите за зголемување на бројот на спринтови.
Кина на претстојната Олимпијада во Париз ќе испрати 11 пливачи кои во 2021 година наводно беа позитивни на допинг, а подоцна беа ослободени од обвинувањата.
Тенисерките Наоми Осака, Ема Радукану, Каролина Вознијацки и Анџелик Кербер добија специјални покани за настап на овогодишниот Вимблдон.
Македонскиот национален тим на стартот од натпреварите од Третата Европска зона од Дејвис купот претрпе денеска пораз во Улцињ од домаќинот Црна Гора со максимални 3-0.
Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е решен да се рехабилитира во Барселона по слабиот настап на трката за Големата награда на Канада пред десет дена.