Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија и ја забележа својата 104. победа во кариерата.
Светската и европска шампионка Јарослава Махучих од Украина го собори светскиот рекорд во скок во височина во женска конкуренција кој 37 години го држеше Бугарката Стефка Костадинова.
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на денешната возбудлива трка од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Германија и го презеде водството во генералниот пласман.
Последната етапа на 73. издание на велосипедската трка околу Австрија нема да се вози поради трагичната смрт на норвешкиот велосипедист Андре Дреге во саботата, соопштија денеска организаторите.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз на денешните квалификации.
Норвешкиот велосипедист Андре Дреге го загуби животот за време на денешната кралска етапа на трката низ Австрија, јавија локалните медиуми.
Руските борачи, кои требаше да настапат како неутрални спортисти, го откажаа настапот на Олимписките игри во Париз.
Меѓународната велосипедска федерација (UCI) му изрече казна од 200 швајцарски франци на францускиот возач Жилиен Бернар, откако за време на седмата етапа на „Тур де Франс“ за момент се симна од велосипедот за да ги бакне синот и сопругата кои стоеја покрај патеката.
Руските џудисти нема да настапат на претстојната летна Олимпијада, иако Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) претходно им дозволи на спортистите од оваа земја да се натпреваруваат на Игрите во Париз под неутрално знаме.
За прв пат во својата 42-годишна историја, Корејската бејзбол организација (КБО) надмина шест милиони гледачи во првата половина од сезоната.