Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на македонскиот парламент доби широк публицитет во албанските медиуми.
Пратеникот од Независни Грци, Костас Кацикис, говорејќи за солунското радио Фокус, откри дека тој и неговите колеги од партијата, ќе бидат дел од протестите во Солун, за името.
Цврстата позиција дека Независни Грци не можат да прифатат име што ќе го содржи терминот Македонија, уште еднаш беше изразен од член на партијата -коалиционен партнер во владата.
Грчки медиуми јавуваат за остри критики од официјална Атина до Грчката православна црква за ставовите околу употребата на терминот Македонија во името на северниот сосед.
На крајот од дводневната седница, грчкиот архиепископ Јеронимос, рече дека црквата има право да се интересира за конкретното прашање поради огромната раздвиженост што постои, и поради тоа што не е само национално, туку и црковно прашање.
Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ.
Независни Грци остануваат на нивниот став дека не се согласуваат со употребата на терминот Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција уште еднаш ја повтори и потврди портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, во интервју за радиото 24/7.
Србија годинава ќе добие нов државен празник – Ден на Св.Кирил и Методиј. Овој празник, доколку предлогот биде усвоен од Владата, ќе се одбележува на 24 мај, пишува „Вечерни новости“.
Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот околу името и дека е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“.
Сложено име со географска одредница, име за сите и за севкупна употреба (ерга омнес) и откажување од секакви иредентистички изјави или пракси од страна на Скопје – се трите предуслови во „црвените линии“ на грчката опозициска Нова демократија.