Ципрас до Каменос: Пано, имаме уште пат пред нас
Пано, да знаеш, имаме уште пат пред нас. Имаме уште многу битки, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, обраќајќи му се на неговиот коалиционен партнер Панос Каменос, во излагањето пред пратеничките групи на СИРИЗА и Независни Грци.