Во најголемото албанско пристаниште Драч, запленети се три милиони и 470 илјади евра откриени во два автомобила,при влез во Албанија.
Новиот премиер на Шпанија, му честитал на неговиот грчки колега за постигнатиот договор со Македонија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик тврди дека британски шпиони го прислушкуваат државниот врв на Србија и на РС, српскиот претседател Александар Вучиќ и него.
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала го погоди утринава во западниот дел на Пелопонез.
Со мали инциденти, пред канцелариите на Независни Грци, заврши вчерашниот протест во Солун, против договорот меѓу Македонија и Грција, јавија локалните медиуми.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денешните разговори меѓу Србија и Косово, кои се одржуваат под покровителство на Европската Унија, се тешки и во напната атмосфера.
Босанската Влада за утре закажа седница на која ќе се разгледа состојбата со зголемениот број на мигранти кои влегуваат во земјата, јави агенцијата ФЕНА.
Во најголемото албанско пристаниште, Драч, запленети се 1,5 милиони евра откриени во автомобил при влез во Албанија.
Во организација на универзитетот „Александар Џувани“ во албанскиот град Елбасан, оржана е првата меѓународна конференција на тема „Балканско египќанско малцинство и етнонокултурните заедници во Албанија“. Покрај голем број научни работници од регионот, на Конференцијата од Македонија учествуваше проф. д-р Рубин Земон.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека очекува договор меѓу Србија и Косово да биде постигнат најдоцна до март 2019 година.