Пацоли вели дека Дачиќ лаже затоа што „лагата е српски национален интерес“
Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, Пацоли го цитира делот од романот на Ќосиќ „Делби“, каде што тој тврди дека „лагата е српски национален интерес“, што, според шефот на косовската дипломатија, е доктрина според која се води и српскиот министер за надворешни работи.