Борисов: БиХ треба да земе пример од Бугарија, Македонија и Грција
Босна и Херцеговина треба да земе пример од Софија, Скопје и Атина, кои успеаја да ги надминат меѓусебните разлики и да потпишат договори за добрососедство и за името на Република Македонија, и по тој пример да најде решенија за своите проблеми, изјави денеска во Сараево бугарскиот премиер Бојко Борисов.