Тачи: Расветлувањето на убиството на Ивановиќ ќе предизвика главоболки во Белград и во Приштина
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека,во моментот кога ќе се дознае вистината за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, ќе се јави „голема главоболка“ во Белград, но и во Приштина, јави дописникот на МИА од Приштина.