Протест во Косово за запирање на убиствата и насилството врз жените
Под мотото „Стоп за убивањето на жените и девојчињата“, активисти за човекови права, организирани од Мрежата на жени на Косово (МЖК), во понеделник, на 13 август, ќе организираат протест во Ѓаковица по повод убиството на една жена и на нејзината 9-годишна ќерка, што се случи на 6-ти овој месец , јави дописникот на МИА од Приштина.