Потврдена смртта на едно лице во Косово од западнонилска треска
Косовскиот Национален институт за јавно здравство потврди денеска дека во Косово една 82-годишна жена починала од западнонилска треска, а друга, 52-годишна, која била заразена од истиот вирус, е излекувана и пуштена на домашно лекување, јави дописникот на МИА од Приштина.