Уапсени тројца седмоодделенци од Барајевo, близу Белград: Малтретирале помлади ученици во училишен тоалет
Тројца 14-годишни малолетници, поточно ученици од 7-мо одделение од основното училиште во Бараево крај Белград, се уапсени за кривично дело злоупотреба и тортура, додека еден од нив добил пријава и за сексуално вознемирување, јави дописникот на МИА од Белград.