Индија планира да продолжи со увоз на коксен јаглен од Русија, изјави денеска министерот за челик на земјата Рамчандра Прасад Синг на прес конференција во Њу Делхи
Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза, јави Би-Би-Си
Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва откако не успеа да ја окупира целата земја, изјави шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов
САД ќе ги задржат санкциите против Иранската револуционерна гарда, идеолошката војска на земјата, дури и ако се постигне договор за нуклеарното прашање, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Иран Роберт Мали
Руската војска се чини дека се обидува да ги опколи украинските сили кои се борат во сепаратистичките области во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана
Властите на Северна Кореја можат да ја вратат можноста за користење на еден од тунелите на полигонот за нуклеарни тестирања Пунгери во провинцијата Хамгјонг Пукто во рок од еден месец
Турција и другите држави сепак мора да разговараат со Русија за да помогнат да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, пренесува Скај њуз
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ерусалим изјави дека Израел и САД се посветени да го спречат Иран да се вооружи со нуклеарно оружје и покрај спорот околу враќањето кон договорот со кој се регулира цивилната нуклеарна програма на Иран
Германската влада, која, наведена од руската инвазија на Украина, започна да ги зголемува инвестициите во одбраната, планира да купи израелски противракетен штит, пишува денеска весникот Билд
Проруската самопрогласена „Народна Република Луганск“ во источна Украина наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави лидерот на сепаратистите во Луганск, Леонид Пашечник во изјава за руската агенција РИА, пренесува Би-Би-Си