Азербејџан, по преговорите со Русија, ги повлече своите сили од населбата Фурух во Нагорно Карабах, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Претседателскиот кандидат на Народната унија Жан-Лук Меланшон денеска упати повик за обединување до сите гласачи на левицата. Со рејтинг од околу 15 отсто тој се надева дека ќе успее да влезе во вториот круг од претседателските избори против Емануел Макрон
Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц победија на денешните избори во покраината Сар, а според првичните излезни анкети тие освоија апсолутно мнозинство на локалните избори.
Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска на митинг изјави дека луѓе во земјата заговараат соборување на неговата влада и дека заговорот има странска поддршка, јави ДПА.
„Место да ја скрши одлучноста на Украинците, бруталните тактики на Русија само ја засилија. Место да го разделат НАТО, Запад сега е посилен и по обединет од кога и да било порано“, напиша Бајден.
Во следните две години европските земји ќе можат да ги прекинат испораките на руски гас, соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во интервју за „Скај Њуз Арабија“.
Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, денеска изјави дека „доколку ништо не се преземе за да им се помогне на цивилите во Мариупол, ќе следи колективна вина“.
„Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот“, соопшти Денисова на Фејсбук, пренесена од Укринформ.
Следната рунда директни разговори меѓу делегациите на Украина и Русија ќе се одржи во Турција од 28 до 30 март, напиша на социјалните мрежи украинскиот преговарач Давид Арахамија.
Русија го блокирала пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник, јавуваат руските медиуми, не наведувајќи ја причината за ваквиот чекор