Шангај, еден од најголемите кинески градови, со околу 26 милиони жители, од денеска ќе биде во карантин, како дел од стратегијата за борба против Ковид-19
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во вчерашниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин, побара прекин на огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија врз Украина
Околу 160.000 лица останаа во опколениот Мариупол без греење, информираше градоначалникот Вадим Бојченко
Украина денеска нема да отвори ниту еден хуманитарен коридор откако разузнавачките информации укажуваат на можни руски „провокации“ долж рутите за евакуација
Десетици илјади цивили се заробени во Чернихов, оставени без гас, вода и без струја, по месец дена тешки борби
Војната во Украина директно го постави прашањето за зависноста на европскиот континент од природниот гас од Русија
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека сè уште не е во можност да достави каква било помош во опколениот Мариупол, истовремено барајќи од Русија и Украина да гарантираат безбеден коридор до градот
Дванаесетте кандидати за претседател на Франција од денеска ќе располагаат со подеднакво време за говор. Додека радиото и телевизијата ќе можат да емитуваат клипови од кампањата, Французите наскоро ќе ги добијат и програмите на претендентите за Елисејската палата
Премиерите на Австралија и Нов Зеланд, Скот Морисон и Џасинда Ардерн, денеска изразија загриженост поради потенцијалното присуство на кинеската војска на Соломонските Острови, во југозападен Пацифик
Британските воени бродови „Нортамберленд“ и „Ричмонд“ доставија воени возила и опрема во Естонија, каде се наоѓа борбената група на НАТО, предводена од Велика Британија